За нас

Нашата компанија Елен е формирана во 1992 година и активно се занимава повеќе од 25 години со трговија на големо и мало на производи од неколку области и категории. Компанијата Елен, почетниот развој го започнува со малопродажен објект за прехрамбени производи и со трговија на големо и мало со сточна храна и брашно. Својот развој во 2007 година команијата го надоградува со отварање на малопродажен објект за земјоделски препарати и ѓубрива, а во 2014 ги проширува своите хоризонти во работењето со воведување и продажба на градежни материјали. Компанијата во 2016 го основа својот најнов бренд Елте-Светот на алатите и започнува со сопствен увоз и дистрибуција на рачен и електричен алат на целата територија на Р.Македонија. За кратко време, компанијата успева да стане официјален дистрибутер на неколку светски познати брендови во оваа област како што се: MTX, Gross, Palisad, Daewoo, Rapter, Hardy, Lacuna и многу други. Компанијата во моментот располага со магацин кој се простира на 12.000 м² и магагацински простор кој се простира на 2.500 м²

Мисија

Мисијата на Елен е, заедно со целиот тим на компанијата, да креираме лојални потрошувачи и клиенти, да ги задоволуваме нивните потреби и желби, со зголемување на палетата на нови и иновативни производи, со квалитет и беспрекорна и навремена услуга.

Визија

Нашата визија кон која се стремиме и која претставува водич низ годините што претстојат е целокупната компанијата да се издигне на едно повисоко ниво, со градење на долгорочни односи и подршшка за нашите клиенти, следење на светските трендови во областите кои ги работиме и секојдневно истражување на пазарот и генерирање на нови и иновативни идеи и производи.